fbpx

Лавров го негира руското мешање во изборите во САД

-

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, ги отфрли тврдењата дека неговата земја се меша во американските претседателски избори, нарекувајќи ги таквите оценки „смешни“.

Во ексклузивното интервју со Кристијан Аманпур во Москва, Лавров рече дека му ласка што американските претставници мислат дека Русија се меша во претседателските избори, но оти тие тврдења се „смешни“ и „без ниту еден факт“.

САД минатата недела ја обвинија Русија дека стои за серијата хакерски упади во електронските пошти во САД, како и за кибернетичкиот напад на Демократскиот национален комитет.

– Ни ласка, секако, да имаме таков вид внимание, како една регионална сила, како што претседателот Обама неодамна нè нарече. Сега сите во САД велат дека Русија е таа која учествува во американските претседателски избори – рече Лавров, додавајќи дека досега не виделе никаков доказ за таквите тврдења.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...