Емисијата за истражувачко новинарство „Публикус“ која беше цензурирана од албанскиот телевизиски канал „Визион плус“, синоќа беше објавена на видеосервисот „Јутуб“. Според авторите на емисијата, „технологијата во овој случај помогнала да се урне цензурата“.

Епизодата „Смртоносните ридови“ беше посветена на смртта на 17-годишниот Ардит Ѓоклај, кој беше пронајден мртов во депонијата Шара.

Емисијата, исто така, дава светло на нивото на информациите во индустријата за рециклирање, недостигот од мерки за безбедност, фактот дека биле вработени деца и молкот на институциите за оваа трагедија.

Во емисијата се објавени докази за договорот потпишан меѓу Општина Тирана и компанијата за рециклирање „3Р“, која била ангажирана да работи во депонијата Шара без јавен конкурс, како и за одбивањето на Општината Тирана да одговори на барањата за информации на новинарите.

Емисијата може да се погледне овде.