fbpx

Крвавата месечина сепак не е толку мистериозна и штетна како што пишува „Српски телеграф“

-

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до Грција на југ.

Српскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите „Raskrikavanje“ анализира едно суеверие за кое пишува „Srpski telegraf“.

Статијата тврдела дека во текот на вчерашниот ден, секоја кавга, лошо расположение или донесување избрзани одлуки се должело на помрачувањето на „Суперкрвавата волчја месечина“. Но анализата на „Raskrikavanje“ порачува дека сето тоа е само неосновано верување.

„Srpski telegraf“ изнел и разговор со астрологот Душан Величковиќ, кој тврди дека „помрачената месечина значи дека и народот е помрачен, дека Месечината ги одразува човечките емоции и затоа во тие мигови и расположението е лошо. Но соговорниците на сервисот за борба против дезинформациите велат дека сето тоа е само народно верување што нема врска со астрономските и астрофизичките сознанија.

Според Милан Милошевиќ, доцент на Природно-математичкиот факултет во Ниш, нема вистинско влијание на емоциите од астрономската појава на помрачување на Земјиниот сателит.

– Да не прочитале луѓето и да не се појавува тоа толку низ медиумите, никој не би забележал дека имало помрачување, оти тоа беше рано утрото – вели Милошевиќ за „Raskrikavanje“, потенцирајќи дека тоа не е единствената работа околу која не се согласуваат астрономијата и астрологијата.

Идентична e оценката на Зоран Томиќ од Астрономското здружение „Еурека“, кој за „Raskrikavanje“ вели дека досега не е емпириски докажано дека помрачувањето на месечината влијае на луѓето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...