fbpx

Наместо нов закон со кој ќе се ограничи коцкањето, се купуваат нови машини

-

Новиот Закон за коцкање никако да дојде на ред за гласање на пленарна седница, сега кога имаме уште две недели пред распуштање на парламентот, пишува „Порталб.мк“.

Едно од прашањата за кои партиите не можат да се договорат е дислокацијата на објектите за игри. Од друга страна, додека Државната видеолотарија има одвоено 6,5 милиони евра за нови машини за коцкање на апарати за коцкање, движењето против коцкање повикува на масовни протести.

Пратениците од сите албански политички партии за „Порталб.мк“ изјавија дека се подготвени да гласаат за нов закон што ќе содржи одредби за дислокација на обложувалниците далеку од „местата од интерес“, како што се образовните институции.

Реџаил Исмаили и Ејуп Алими од Демократската унија за интеграција, велат дека таков предлог поднеле во парламентот пред една година. Предлог-законот не е достапен за јавноста да види што содржи.

Според двајцата пратеници, тие побарале казината, обложувалниците и другите игри на среќа да бидат дислоцирани на 500 метри оддалеченост воздушна линија од објекти во кои се одвиваат образовни процеси како градинки, основни и средни училишта, како и универзитети, библиотеки и други институции, каде се води грижа за деца особено градинките и домовите за стари лица.

Причината што овој закон сè уште не е испратен за гласање, според нив, е стравот да не им падне во вода, бидејќи ги немаат бројките потребни за да се донесе.

„Ние сме многу подготвени да гласаме за тој закон, ние го сметаме за добар и во согласност со барањата на граѓанското општество. Како и да е, во моментов не го праќаме на гласање затоа што немаме 61 глас, ние вложуваме напори да ги убедиме СДСМ или ВМРО да го гласаат овој закон, бидејќи сите албански партии се подготвени да гласаат,“изјави за „Порталб.мк“ предлагачот на законот Реџаил Исмаили.

Сепак, овој предлог на ДУИ беше одбиен од Движењето за борба против коцкање. Тие побараа дислокацијата да биде најмалку три километри од населените места. Но нивните предлози не се разгледани.

Алијансата за Албанците го поддржува ова движење. Тие најавија дека доколку законот дојде во парламент, тие ќе интервенираат со амандмани, бидејќи според нив, законот не е искрен и единствена причина за негово предлагање беше да се задуши револтот во граѓанското општество.

„Овој закон беше предложен само да се задуши револтот во граѓанското општество, односно Движењето за борба против коцкање. Ние ќе предложиме амандмани за промена на истиот, бидејќи во оваа форма како што е сега, скептичен сум дали ќе го гласаме или не. Ние бараме овие објекти да бидат најмалку три километри далеку од населените места“, рече Сурија Рашиди од Алијансата за Албанците.

И за СДСМ предлогот не е прифатлив ваков, и тие најавуваат амандмани, но не се знае кога. Според нив, ако законот остане како што е, повеќе од седум илјади луѓе ќе останат без работа и дека на крајот нема никој да добие.

„Со овој предлог-закон, ризикуваме да оставиме без работа над 7.000 лица, постојано бараме начини за да се спречи тоа. Многу се надеваме дека ќе најдеме решение за ова пред распуштање на парламентот, но се сомневам“, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Никола Митревски.

Запрашан како тоа вработените во казината ќе останат без работа кога не се бара нивно затворање, туку само дислокација, Митревски рече дека „кога на повеќето сопственици им ја спомнавме дислокацијата, рекоа дека ако тоа се случи, тие целосно ќе го затворат бизнисот“. ВМРО-ДПМНЕ сè уште не одлучиле.

Движењето против коцкање истакнаа дека тие се во разговори со некои политички партии и невладини организации за поддршка на протестите што ќе ги организираат, а не гласањето на овој закон, го нарекуваат нож во грб од сите лидери на политичките партии.

Инаку, Државната видеолотарија потпиша договор со бугарска компанија за купување на 1.500 машини за коцкање, чија вредност достигнува околу 6.5 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...