fbpx

Кремљ ги отфрли обвиненијата на ХВР за цивилни жртви

-

Русија денеска ги отфрли како медиумска измама извештаите на „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) за тоа дека во руските воздушни напади во Сирија имало цивилни жртви, вклучувајќи и деца.

Организацијата за заштита на човековите права се повикува на жителите на северниот град Хомс, кои ги изнеле обвиненијата за убивање на 59 цивили, вклучувајќи и 33 деца. „Хуманс рајт воч“ смета дека руските власти треба да ги проверат овие извештаи.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го отфрли ваквиот извештај.

– Во претходните неколку дена видовме бројни медиумски измами и намерно објавување податоци за последици од руски воени воздушни кампањи во Сирија. Сметам дека ова е еден таков извештај – рече Песков.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...