fbpx

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ не може да ги поправи штетите од екстерното тестирање

-

„По сите штетни последици што ги нанесе на образованието со екстерното оценување, ВМРО-ДПМНЕ почна да се повлекува. Со новите законски решенија ВМРО-ДПМНЕ не сака и не може да ги поправи штетите што ги нанесе. Само се обидува да ги ублажи последиците по партискиот рејтинг. Решенијата со кои се менува терминот на примена на екстерното оценување и чудното решение оценките од екстерното да не влезат во општиот успех се само привидно прикривање на проблемот“, изјави денеска Васко Ковачевски, пратеник од СДСМ.

– Учениците, родителите, професорите се жртви на нелогични, контрадикторни прашања и на мегаломански пропагандни тестови со кои власта на Груевски ги лечи сопствените фрустрации. Екстерното оценување, наместо дополнително да се усложнува, треба целосно да се укине. Иако привидно се олеснува како процес за оценување на учениците, контролниот механизам за наставниците и понатаму останува со сите свои штетни последици. Напоменуваме дека владата предводена од СДСМ, како прва мерка во образованието, ќе го укине екстерното оценување. При тоа и ќе ги поништиме сите оценки добиени од екстерното оценување во една законска процедура – изјави Ковачевски.

Тој рече дека за да биде бламот целосен, кога е образованието во прашање, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата решаваат со амандмански интервенции да го коригираат и законот што го донесоа пред нецели седум дена за формирање на Универзитетот „Дамјан Груев“, па дури и законот со кој ја формираа Академијата за наставници.

– По кој знае кој пат, власта во заминување потврди дека нивните избрзани законски решенија донесени без претходни консултации, без потребниот консензус и со одредени шверцерски елементи, се полни со пропусти и се со краток рок на траење. За сите спроведени експерименти во образованието и за целата штета што им ја нанесоа на сите претходни генерации ученици, штетниците ќе одговараат. Реформи во образованието ќе има по демократските промени. Но, за нив последниот збор ќе го има стручната јавност и, се разбира, сите што се вклучени во образовниот процес, а тоа се учениците и образовниот кадар – истакна Ковачевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...