Ковачевски: Борбата на македонските револуционери е мотив денес да чекориме кон иднината

-

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска по повод 23. Октомври, Денот на македонската револуционерна борба упати честитка до граѓаните во која кажа дека со гордост се сеќава на храброста и истрајноста на македонските револуционери во борбата за независност и македонска државност.

„Без македонските револуционери, нивната прогресивност, нивната силна желба за слобода и правда, незамислив е континуитетот на ослободителната борба и вековниот идеал за независна македонска држава. Нивната храброст и одлучност е мотив ние денес гордо и достоинствено, обединети и со забрзан чекор да ги остваруваме државните цели“, пишува во честитката од Ковачевски.

Владата за денеска организира положување на свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк. На настанот ќе присуствува владина делегација составена од Филип Николоски, заменик на министерот за финансии, Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и Беким Реџепи, заменик на министерот за транспорт и врски.

Честитка по повод празникот испрати и претседателот Стево Пендаровски, кој кажа дека минуваме низ период на длабоки глобални предизвици и голема неизвесност.

„Европа и светот се соочуваат со економска и енергетска криза што беа иницијално предизвикани од пандемијата, но, драстично продлабочени поради војната во Украина. Затоа треба да се помириме и сплотени околу заедничката цел секојдневно и посветено да ја градиме Република Северна Македонија како напредна европска држава со развиена демократска култура, одржлива економија“, пишува во честитката од претседателот.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пронајдено досега неоткриено дело на Моцарт во германска библиотека

Во библиотека во Лајпциг е пронајдено досега неоткриено дело на легендарниот австриски композитор Волганг Амадеус Моцарт, пренесува Гардијан. Тоа било пронајдено при дополнувањето на каталогот „Кехел“, односно архивата на сите...