fbpx

Конгресот на СДСМ почна со доцнење од два часа, Заев побара поддршка за листите

-

Ова што е пред вас е победничката листа, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на 21. конгрес на партијата на кој се гласаат кандидатските листи за претстојните парламентарни избори, а кој почна со доцнење од два часа во хотелот „Александар палас“ во Скопје.

Заев побара од делегатите да дадат поддршка за листите и да покажат дека тој не е сам во оваа борба.

На почетокот на својот говор, партискиот лидер пред делеагите на конгресот рече дека воопшто не било лесно носењето на кандидатскте листи.

– Нè има секакви, од градови, од села, од различни професии – рече лидерот на СДСМ.

Носител на првата изборна единица ќе биде поранешниот претседателски кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.

Носител на листата во втората изборна единица е актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Во третата изборна единица, носител на кандидатската листа ќе биде дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Љупчо Николовски.

На врвот на кандидатската листа во четвртата изборна единица ќе биде претседателот на партијата, Зоран Заев.

Во петтата изборна единица, носител ќе биде потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, а во шестката листата со кадидати за пратеници ќе ја води портпаролот Петре Шилегов.

Место на листите ќе добијат и колациските партнери на СДСМ, припадници на „Шарена револуција“ и независни интелектуалци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...