fbpx

Куновска даде оставка во градската организација на СДСМ поради Поповска

-

Софија Куновска поднесе оставка од местото претседател на градската организација на СДСМ незадоволна од листите за кандидати на пратеници, дознава СДК од извори во партијата.

На состанокот на извршниот одбор на партијата пред одржувањето на конгресот, Куновска поднела оставка и рекла дека останува во кампањата како посветен член на СДСМ до конечно уривање на режимот на Груевски. Но, таа реагирала на поставувањето на Лилјана Поповска, лидерката на ДОМ.

„Како е можно таа што беше втора зад Груевски на листата на режимот од 2014 година денес да е на шесто место на листата што треба да го урива режимот“, посочила Куновска.

Таа во 2014 година беше втора на листата на СДСМ во првата изборна единица, а на овие избори не е на ниту една листа.

Таа забележала дека во СДСМ нема доволно дебата и свесна е дека е еден од членовите што бара поголема демократија во рамките на самата партија, што можеби некому му пречи и затоа ја отстранува.

Куновска прашала и како е можно луѓетo што во 2014 година убедуваа дека се сигурни во победата и затоа не беа на листите, сега да се најдат на добитни места на избирачкитe листи.

Куновска за порталот не била достапна за коментар по нејзината оставка. Таа е во хотелот „Александар палас“ каде што се одржува конгресот на СДСМ, на кој треба да се верификуваат листите за кандидати за пратеници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...