fbpx

Коганови и Књажев на концерот на Лугански во „Св. Софија“

-

Синоќа, дел од преполната „Света Софија“ за концертна вечер на прославениот руски и светски пиојанист, принцот на клавирот, Николај Лугански, беа и неговите сонародници, исто така, прославени музички уметници, синот и ќерката на рускиот виолинист Леонид Коган, маестро Павел Коган, односно Нина Коган.

Концертот го проследи и Александар Књажев, руски виолончелист, кој настапи претходната вечер, заедно со пијанистот Андреј Коробеиников.

Ќерката Нина и синот Павел се биолошки и музички наследници на славниот руски виолинист Леонид Коган, еден од симболите на „Охридско лето“, од првите почетни и славни години, заедно со Навара, Ростропович, Папаставро и други. Тие во Охрид, со години, користат дел од годишниот одмор.

– Охрид и францускиот Азурен брег се двете наши дестинации кога е во прашање годишниот одмор – вели за „Мета“, Павел Коган.

Павел Коган, виолинист и диригент, исто така настапуваше често на „Охридско лето“ со целовечерни рецитали и со солистички концерти. Последен пат пред пет години, на одбележувањето на 50-годишнината на фестивалот, како диригент со Македонската филхармонија и големото виолинистичко име на денешницата, Виктор Третјаков од Русија.

Нина Коган, пијанистка, исто така има настапувано на „Охридско лето“, но не колку таткото и братот. Првпат свирела во „Св. Софија“, заедно со таткото Леонид Коган, кога имала само 13 години.

Во дирекцијата на Фестивалот „Охридско лето“, за помладиот од Коганови – Павел Коган, велат дека е многу пријатна личност, искрен пријател на Охрид, голем музичар. Минатото лето, заедно со нив, во Охрид беше и синот на Нина, внукот на Леонид Коган, Даниел, инаку и самиот виолинист на 22 години, кој живее и создава во Париз. Три генерации Коганови, се вљубеници на македонскиот туристички и културен бисер.

Охриѓани се горди на тоа што семејството Коганови останало приврзано за Охрид и за фестивалот. Особено е приврзан Павел, кој повеќепати инкогнито и без многу помпа, како и деновиве, се одмора и ужива во убавините на Охрид. Не бара никакво внимание, иако тој и неговото семејство трајно се вградени во реномето на „Охридско лето“ и на градот Охрид. Нивната скромност, пак, не значи дека на нив не треба да се присетат и да ги почестат со еден прием кај градскиот татко или Министерството за култура.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...