fbpx

Групацијата „Телеком Австрија“ со пораст на приходите на македонскиот пазар

-

Групацијата „Телеком Австрија“ ги објави финансиските резултати за првите шест месеци од 2015 година, вклучувајќи ги и резултатите од работењето на сегментот Македонија.

Како резултат на силната конкуренција во мобилниот сегмент и трендот на намалување на вкупната пенетрација на пазарот, бројот на мобилни корисници се намали до 608.000 корисници, при што пазарниот удел на „Вип“ остана на ниво од 28,4 проценти. Со аквизицијата на „Близу“, сегментот Македонија брои околу 87.000 фиксни пристапни линии за првите шест месеци од 2015 година.

Приходите во Македонија, вклучувајќи го и „Близу“, изнесуваа 32 милиони евра во првата половина од 2015 година, додека во истиот период заработката пред камати, даноци, амортизација и депрецијација (ЕБИТДА) достигна 7,2 милиони евра. Оперативните трошоци се зголемија за 14 проценти споредено со истиот период од минатата година.

Воедно, во јули 2015 година Комисијата за заштита на конкуренција на Македонија го одобри спојувањето на подружницата на групацијата „Телеком Австрија“, „Вип“, и на подружницата на „Телеком Словеније груп“, „Оне“. Согласноста е издадена врз основа на одредени обврски, меѓу другото и за обезбедување услуги на нови виртуелни мрежни оператори од новоформираниот субјект. Затворањето на трансакцијата се очекува во четвртиот квартал од 2015 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...