Во автобус кој сообраќал на линијата Струга-Луцерн, запленети 1,3 килограм хероин

-

Секторот за недозволена трговија со дрога при МВР, во содејство со Царинската управа на Република Македонија, реализира случај на недозволена тргвоија со дрога при што запленети се 1,3 килограми хероин, при што од слобода се лишени две лица, македонски државјани, и е пресечен меѓународен канал за трговија со дрога.

На 15 јули, околу 20.40 часот, на граничниот премин Табановце, на излез од Република Македонија, по претходно добиено сознание во автобус кој се обраќал на редовна автобуска линија Струга – Луцерн, Швајцарија, од страна на царински службеници од Царинската управа е извршен претрес и преглед на патници и багаж.

Во дупло дно на куфер со залепен билет за багаж на рачката во сопственост на 54-годишниот А.П. од Кичево, патник во автобусот, пронајдени се четири црни најлонски пакувања со непозната прашкаста материја, за која утврдено е дека се работи за хероин.

За паричен надомест од 1.500 евра, А.П. бил ангажиран да го изврши транспортот до Швајцарија од 35-годишниот М.Ј. од Гостивар, кој бил организатор на транспортот, а кој исто така патувал во автобусот и седел во непосредна близина на лицето-траснпортер.

Одземената прашкаста материја е предадена во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при МВР за понатамошно вештачење. По извршено вештачење утврдено е дека се работи за хероин со вкупна маса од 1 килограм и 258 грама. Од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога до ОЈО Куманово поднесена е кривична пријава против двете лица за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Европскиот парламент размислува за целосна забрана за лобисти поврзани со Амазон

Европскиот парламент разгледува можност да ја прошири забраната за лобирање што веќе ја има воведено за лобистите на Амазон, така што ќе ги опфати и сите лобистички групи и организации кои...

Трамп посредува за спас на крипто-законите во САД по застојот во Конгресот

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот интервенираше за да постигне договор меѓу републиканските конгресмени по застојот во Претставничкиот дом што го доведе во прашање усвојувањето на долгоочекуваната крипто-законска рамка, регулатива што...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Лекар од Струга со истечена лиценца, 4 години земал плата и додатоци

Четириесет и две годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, соопшти МВР. „Во периодот од 15 јули 2020 година, од кога му...

Европскиот парламент размислува за целосна забрана за лобисти поврзани со Амазон

Европскиот парламент разгледува можност да ја прошири забраната за лобирање што веќе ја има воведено за лобистите на Амазон, така што ќе ги опфати и сите лобистички групи и...