fbpx

Преполна „Св.Софија“ за концерот на Николај Лугански

-

Преполна „Св.Софија“, врвна интерпретација на Шуберт и  на Чајковски, неколку бис-изведби за воодушевената публика. Тоа е впечатокот од синоќешната, речиси полноќна, концертна вечер на прославениот руски и светски пијанист, принцот на клавирот, Николај Лугански.

Целовечерниот рецитал, рускиот пијанист Лугански го почна со две помали скерца на Франц Шуберт, а првиот дел од програмата го заврши со Шубертовата Голема соната. Во вториот дел од програмата, интерпретираше три дела од циклусот Годишни времиња, како и Големата соната за пијано од рускиот класик Петар Илич Чајковски.

– Шуберт-сонатата е една од трите последни сонати што се напишани во последниот период од неговиот живот и тоа, најверојатно, е едно од неговите најтрагичните дела. Речиси сите дела на Чајковски се доста трагични, но неговата Голема соната е еден пример дека има и светли моменти во неговото творештво. Доста е светла и сончева и ја покажува позитивната страна на неговото творештво – изјави пред концертот Лугански.

Лугански, инаку чест гостин на „Охридско лето“, чиј рецитал во 1997 година беше прогласен за концерт на годината, остави уште еден силен впечаток на уметник, пијанист со исклучителна префинетост и со чувствителност, со кристална убавина во свирењето слична на онаа што ја имале големите Моцарт и Шопен, како и со виртуозност што потсетува на Рахмањинов и на Прокофјев.

– Ова е огромна чест и привилегија за фестивалот и за сите посетители кои беа дел од овој долгоочекуван настан – изјави селекторот на музичката програма, Гордана Јосифова-Неделковска.

Лугански студирал на престижниот Московски конзерваториум. Настапувал во најпрестижните дворани во светот „Вигмор хол“ во Лондон, „Концертхаус“во Берлин, „Театр де Шанз Елизе“ во Париз, Големата сала на Московскиот конзерваториум, Големата сала на Филхармонијата на Санкт Петербург и други.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...