fbpx

Кина: Девет исчезнати во експлозија во фабрика

-

Девет лица денеска исчезнаа, а две се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви на истокот на Кина, јавуваат државните медиуми.

Детонацијата се случила во фабрика на хемиската корпорација „Шандонг Тијанбао“ во провинцијата Шандонг, во округот Пинги, наведува агенцијата „Ксинхуа“. Фабриката произведувала експлозивни материјали за цивилна употреба.
Агенцијата наведува дека истрагата за причината за експлозијата е во тек.

Во серија детонации во индустрискиот комплекс Тијанџин во август загинаа повеќе од 160 лица. Тоа покрена дебата за безбедносните стандарди, а властите наредија проверка на индустриските погони, при што некои беа и затворени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...