Кери му телефонирал на Лавров поради судирите во Украина

-

Американскиот државен секретар Џон Кери денеска му телефонирал на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за да изрази „длабока загриженост“ поради значително зголемените сепаратистички напади во источниот дел на Украина, соопштија од Стејт департментот.

Кери, како што соопшти портпарол на Стејт департментот, побарал итно воспоставување прекин на огнот.

Украина соопшти дека двајца нејзини војници загинале во најжестоките судири со проруски сепаратисти од источниот дел на земјата откако на сила стапи кревкиот прекин на огнот, договорен во февруари во Минск.

Во Скопје нема организирана група која киднапира деца

Вистиномер побара изјава од МВР со цел да разјасниме, дали постои или не организирана група која киданпира деца сред бел ден во Скопје, како што тврди објавата. Портпаролот на...