fbpx

ДУИ: Охридскиот договор не е мртов

-

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска најостро реагираше за изјавите на одредени опозициски партии дека Охридскиот договор е мртов.

„Денеска овие субјекти и инфантилни индивидуи ги прогласија за мртви и гаранцијата, обидите и инвестицијата на САД, на Европската унија и на НАТО, кои се коавтори и потписници на Охридскиот договор. Знаејќи го фактот дека овие субјекти им служат на туѓите идеологии за Албанците, не сме зачудени од постојаното одрекување на секое постигнување на Албанците овие години“, се вели во писмената реакција на ДУИ.

Истовремено, вицепремиерот за спроведување на Охридскиот договор, Муса Џафери, изјави дека без разлика на проблемите што настанале по потпишувањето на договорот, ДУИ не е за враќање назад, ниту за нов договор.

– Секое враќање назад се докажало дека е фатално, а тоа не го сакаме за идните генерации – рече Џафери, додавајќи дека единствениот сигурен пат по кој треба да оди Македонија се евроатлантските интеграции, а тој пат минува низ Охридскиот договор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со...