fbpx

Ќе соработуваат „Мајкрософт“ и „Дропбокс“

-

„Мајкрософт“ и „Дропбокс“ најавија соработка, која на корисниците на „Дропбокс“ што веќе ги чуваат своите документи како „ворд“, „ексел“ и „пауер поинт“ во облакот од оваа компанија, ќе им овозможи да ги менуваат директно во апликациите „офис“ од „Мајкрософт“. Оваа можност на почеток ќе биде достапна за корисниците на апликациите „офис“ (Office) „дропбокс“ на „иос“ (iOS) и на „андроид“ (Android), по што од идната година поддршката ќе биде проширена и на веб-пристапот. Поврзаноста на двата сервиси се состои од неколку функции.

Првата е можноста на корисниците на апликациите „офис“, покрај најавувањето и пристап до документите на „уандрајв“ (OneDrive), да се најават на нивната сметка на „Дропбокс“. Со тоа тие добиваат можност директно да ги менуваат документите преку мобилните апликации, исто како што тоа досега беше можно за „уандрајв“. Документите ќе може да бидат менувани, зачувувани на „Дропбокс“, како и споделувани директно преку функцијата за споделување на „Дропбокс“.

Исто така, апликацијата „дропбокс“ на овие две платформи ќе биде надградена со можноста корисниците своите документи да ги изменуваат во апликациите „офис“. Доколку корисникот нема инсталирано таква апликација, ќе му биде понудена можност истата да ја инсталира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓански организации со 18 прашања до политичките партии пред парламентарните избори

Девет граѓански организации и независни иницијативи утрово доставија 18 прашања до политичките парртии што ќе учествуваат на парламентарните избори, на кои, како што велат, наместо флоскули и демагогија, очекуваат...