Француските власти разбија најмалку 18 канали за регрутирање терористи и уапсија членови на 11 терористички групи, но министерот за внатрешни работи, Бернар Казнев, изјави дека и понатаму постои голема опасност од тероризам.
– Нетруализиравме 18 канали, уапсивме членови на 11 групи, а спречивме шест напади – изјави Казнев за „Ер-Те-Ел“.
Франција ги зголеми мерките на безбедност и покрена хајка во целата земја во потрага по џихадистите по терористичките напади на 13 ноември во Париз, при што беа убиени 130 лица.