Човекот што вчера сакаше со спреј да го испрска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за време на партискиот митинг во Центар, доби прекршочна пријава и казна од 500 евра.

„За време на одржување на собирот, во 21.55 часот во полициската станица Центар бил приведен Р.Р. (36) од Скопје, бидејќи прснал со гасен спреј за заштита во правец на бината, во време кога говорел претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Во 22.15 часот во истата полициска станица, Д.Г. (29) од село Орешани, кој бил во публиката во непосредна близина на бината, се пријавил како оштетено лице, односно дека бил испрскан од спреј-солзавец од страна на Р.Р“, се вели во соопштението на МВР.