fbpx

Касами: Тендер за реконструкција на стадионот во Тетово ќе има во септември или во октомври

Минатата година неколку пати Касами спомна дека се очекува решение до крај на годината, но тоа не се случи, пишува Порталб.мк

-

Во септември или во октомври се очекува да биде објавен тендерот за реконструкција на стадионот во Тетово. Вака неодамна најави градоначалникот на општина Тетово Билал Касами, кој рече дека реконструкцијата ќе ја направи општината и дека инвестицијата е околу 10 милиони евра, пишува Порталб.мк

 

Касами, на седницата за прашања на општинските советници прашан за оваа голема желба на голем број тетовчани и љубители на фудбалот за тоа дали има нешто конкретно околу реконструкцијата на стадионот и кога се очекува да почнат работите, рече дека сега има решение.

„Веруваме дека некаде во септември-октомври ќе се распише тендерот и ќе се избере фирмата што ќе го гради стадионот. Сите процедури од правен аспект веќе сме ги договориле, но сега да се помине и формалниот дел за да може истиот да се објави во септември. За нас беше важно да се најде една форма која ќе биде остварлива, а не само некоја ќе биде само ветување и за која потоа ќе треба да кажуваме зошто не може да се реализира. Оваа година работевме во оваа насока и најдовме решенија и формално –правни и финансиски, и уште еднаш велам дека некаде во есен, односно септември-октомври, зависно од тоа колку време ќе ни одземат процедурите за подготовка на документацијата, значи е прашање на време, но верувам дека наесен стадионот ќе биде тендериран и наскоро ќе се избере компанијата што ќе го средува стадионот “, изјави Касами.

Тој нагласи дека се работи за инвестиција од околу 10 милиони евра, а реконструкцијата ќе ја врши општината.

Според Касами, и во месец мај есента беше очекуваниот рок за почеток на работите, но тогаш не беа соопштени детали.

Минатата година неколку пати Касами спомна дека се очекува решение до крај на годината, но тоа не се случи.

Реконструкцијата на стадионот актуелниот градоначалник на општина Тетово, Билал Касами ја спомна и во предизборните дебати.

Потсетуваме дека и претходната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи, за реконструкцијата на стадионот даде цела низа на ветувања, во 2013 година, потоа во 2017 година, како и повторно во 2021, но на терен ништо од ова не се оствари.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...