fbpx

Касами: ДУИ победи со гласовите на СДСМ, стана нивен разгранок

-

Лидерот на Беса, Билал Касами, вечерва побара предвремени парламентарни избори, истакнувајќи дека неговата партија има двојно повеќе гласови во споредба со ДУИ.

– Во Македонија згасна една партија на Албанците и сега ДУИ слободно може да се смета за разгранок на СДСМ. Оваа партија вечерва згасна и СДСМ стана суверен за повеќето Албанци. ДУИ веќе ја нема, но затоа има еден разгранок на СДСМ – рече Касами, истакнувајќи дека победата на ДУИ е поради коалицијата со СДСМ.

Касами го призна поразот во Тетово и во Чаир и им се заблагодари на симпатизерите на Беса и на Алијансата за Албанците.

– ДУИ победи со гласовите на СДСМ, но ние победивме во сите општини со гласовите на Албанците – рече Касами.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...