fbpx

Канцелариите на УЈП денеска со продолжено работно време

-

Даночните канцеларии на Управата за јавни приходи (УЈП) денеска ќе работат со продолжено работно време, бидејќи истекува рокот за поднесување Годишна даночна пријава (ГДП).

УЈП соопшти дека сите регионални дирекции, во Скопје, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Прилеп ќе примаат пријави до 21.30 часот, даночните одделенија во Охрид, Струга, Ресен, Кавадарци, Велес, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Свети Николе, Берово, Гевгелија, Радовиш, Гостивар, Кичево и Дебар ќе примаат пријави до 18 часот, а даночните шалтери во Демир Хисар, Македонски Брод, Крушево, Кратово, Делчево, Пробиштип и Валандово, вклучувајќи ги и дополнителните шалтери отворени во Центар (зграда на ССМ), како и општините Ѓорче Петров, Гази Баба и Аеродром, ќе примаат пријави до 18 часот.

За ненавремено поднесување, односно неподнесување даночна пријава и за нецелосно пријавени приходи, законот предвидува глоба од 100 до 200 евра во денарска противвредност.

Заклучно со вчера, на ниво на цела Македонија се поднесени 393.145 годишни даночни пријави од кои 1.934 по електронски пат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...