Како дел од регионална иницијатива, еко-активисти засадија 60 „дрва на пријателството“ во Општина Аерoдром

Фото: Скопје Смог Аларм, 30.10.2020 г.

Со цел да се подигне свеста за потребата од чист воздух и итно зазеленување на градовите, денеска во Општина Аеродром, во паркот на Булевар Србија наспроти Полициската станица Аеродром, македонската компанија Treebanks, еко-активистите Скопје Смог Аларм и платформата AirCare (Мој Воздух), во соработка со Европскиот фонд за Балкан (ЕФБ), засадија 60 дрва од видот платан.

Преку 10 партнерски организации од регионот се вклучија во акцијата која беше спроведена во рамките на регионалната иницијатива „Дрво на пријателството“ преку истовремено садење на вкупно 400 дрва во шест регионални главни градови: Скопје, Белград, Тирана, Приштина, Подгорица и Сараево.

“Се надеваме дека оваа акција ќе продолжи и ќе стане пракса и во иднина. Овој проект го работевме со многу љубов зошто е еден од ретките кои истовремено сплотуваат повеќе држави и националности кои имаат едно нешто заедничко – а тоа е за жал, загадениот воздух“ велат коорганизаторите на настанот.