fbpx

Позелене водата во канал во Венеција, полицијата го истражува изворот на течноста

Сè уште се шират шпекулации околу тоа што би можело да ја предизвика промената на бојата околу познатиот мост Риалто – теориите се движат од фрлање на боја во водата, до протест на еколошки активисти

-

Полицијата во Венеција го истражува изворот на флуоресцентна зелена течност што вчера се појави во водата во Големиот канал (Grand Canal) во овој италијански град.

Локалните власти собрале примероци од водата и отвориле итна истрага, пренесува Би-би-си.

Сè уште се шират шпекулации околу тоа што би можело да ја предизвика промената на бојата околу познатиот мост Риалто – теориите се движат од фрлање на боја во водата, до протест на еколошки активисти.

Италијанските медиуми објавија дека локалната полиција ги истражува надзорните камери за да утврди дали случајот е поврзан со регатата Волгалонга – натпревар на чамци што се одржува овој викенд.

Во интервју за италијанскиот весник „Ла Република“, претставник на Регионалната агенција за заштита на животната средина рече дека раните анализи покажале оти зелената дамка најверојатно била предизвикана од ослободување на флуоресцеин – безопасна боја која вообичаено се користи за следење на протокот на вода.

Иако оваа супстанција не е невообичаена, претставникот на агенцијата рекол дека вообичаената доза е една лажица прашок за боја, додека распространетоста на бојата во водата во Венеција сугерирала оти бил фрлен најмалку 1 килограм прашок.

Сликите од Венеција на социјалните мрежи се споредуваат со трик од 1968 година на аргентинскиот уметник Николас Гарсија Урибуру, кој ги обои водите на Големиот канал во зелена боја со цел да ја подигне свеста за еколошките прашања.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката...