fbpx

Американски пензионер уби двајца еко-демонстранти во Панама

Тензијата расте во Панама, каде со недели се протестира во огромен број против договор кој и овозможува на канадска фирма да оперира со рудник за бакар

-

Пензиониран американски адвокат застрелал и убил двајца демонстранти кој учествувале во блокада на автопат во Панама. Блокадата е дел од масовните протести во Панама кои се одржуваат изминатите неколку недели против работата на рудник за бакар за која се смета дека би била штетна за животната средина, известува Индипендент.

Полицијата сè уште официјално го нема идентификувано осомничениот во убиствата, но повеќето панамски медиуми известуваат дека станува збор за Кенет Дарлингтон, 77-годишен пензиониран адвокат кој живеел во Панама.

Дарлингтон ѝ стана познат на јавноста откако на социјалните мрежи кружеше видео во кое се гледа како тој ладно и на отворено ги убива демонстрантите. Медиумите и камерите веќе биле таму, снимајќи ја блокадата.

Во видеото се гледа како тој излегува од своето возило и почнува да се кара со демонстрантите. Потоа, тој вади пиштол, а демонстрантите го прашуваат дали ќе ги стрела. По некое време, тој застрелува еден од демонстрантите, па по кратко време пука во уште еден.

Како што е приведен од полицијата, се слуша како некој од страна го прашува дали е свесен што направил.

„Да, убив еден човек и пукнав во друг“, ладно одговара Дарлингтон на прашањето.

Убиените демонстрантни биле наставници и биле дел од група активисти кој го блокирале автопатот. Блокадата е дел од масовните протести во Панама кои се одржуваат минатите неколку недели. Десетици илјади граѓани протестираат против договор потпишан меѓу панамската влада и канадска фирма, кој би ѝ дал дозвола на фирмата да продолжи со работа во рудник за бакар. Се смета дека работата во овој рудник би претставувала сериозна штета за животната средина.

Загинатите исто така биле и дел од синдикатот на наставници, кои заедно со синдикатот на градежници и други еко активисти, ги организираат протестите.

Еко-активистите велат дека екстракцијата на бакар ќе штети на клучен извор на подземна вода како и на шумата во регионот. Дополнително, општата перцепција на корумпираност на панамската влада како и инфлацијата и нееднаквоста служеле како дополнителни катализатори за протестите.

Од панамската влада велат дека новопотпишаниот договор би придонел на економијата, додавајќи 375 милиони долари годишно во државниот буџет.

Според панамското здружение на компаниски директори, протестите придонесуваат до околу 80 милиони долари штета дневно за бизнисите. Дополнително, повеќе од 100.000 термини за лекарски прегледи се пропуштени откако започнале протестите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(ВИДЕО) Денот на Општина Тетово се одбележа со отпадоци и со депонии

Денес се одбележа денот на Општина Тетово, а повеќе од една недела градот се гуши во отпадоци и депонии расфрлани насекаде. Решение за овој проблем немаат ниту општинските власти,...