сабота, 16 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Мој воздух | 12 резултати

Короната го одложи и протестот против загадувањето на Балканот

февруари 28, 2020

Протестите под заеднички наслов „Балкан бара чист воздух“ кои требаше да се одржат денес во Скопје и во осум други градови на Балканот, се одлагаат до завршетокот на епидемијата на корона вирусот или на нивно место ќе бидат одржани еко-перформанси. – Јавните собири се одложуваат како мерка на претпазливост за да не претставуваат потенцијална опасност […]

„Али експрес сензорите“ мерат исто како како државните

февруари 11, 2020

Иако надлежните ги отфрлаат како нерелевантни податоците кои тие ги генерираат, а заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули неодамна ги нарече „Али експрес сензори“ (во смисла – многу евтини и едноставни)  кои служат само да се крева паника околу загадувањето, кога ќе се споредат податоците добиени од приватните мерни станици во држава тие покажуваат резултати […]

Горјан Јовановски: Ветерот, а не мерките на владата, ги избрка ПМ честичките од Скопје

јануари 8, 2020

Екологистите заслугите за намалениот број на денови со енормно аерозагадување во Скопје во 2019 година го припишаа на ветрот, а не мерките на Владата и на зголемената еколошка свест на граѓаните. „Деновите на помало присуство на ПМ честички во  Скопје можат да се поврзат со зголемено присуство на ветерот во скопската котлина“, вели еко-активистот и […]

Екологистите до Макрадули: Податоците ви се неточни, вистината се гледа на сајтот на МЖСПП

декември 23, 2019

Фрапантно е колку површно, аматерски и ненаучно дава заклучоци човек кој постојано се повикува на науката, и за да се приближи до младите дури и се придружува на Грета Тунберг во повикот кон науката, а во презентираните податоци науката неа ја нема, се вели во реакцијата на „О2 Иницијативата“ на вчерашната прес-конференција на Јани Макрадули, […]

Апликацијата „Мој воздух“ со нов дизајн

јуни 21, 2019

По речиси пет години постоење, мобилната апликација „Мој Воздух!“ денеска доби свој редизајн, со нов интерфејс. Новитет е и маскотата Воздушко кој ја едуцира помладата публика за загадувањето и важноста на чист воздух. МојВоздух започна како иницијатива во декември 2014 година, и сега има над 100.000 корисници низ Македонија и Србија, со план годинава да […]

Не се знае кога, ама ќе се набават нови мерни инструменти за ПМ10 во Гази Баба и Лисиче

ноември 14, 2018

Двете најзагадени населби во Скопје, Лисиче и Гази Баба, ќе добијат нови инструменти за мерење на ПМ10 честички, информира за „Мета“, Министерството за животна средина и просторно планирање, но од таму не даваат временски рок кога тоа ќе се случи. Во Лисиче канцерогените ПМ10 честички не се мерат од 5 октомври односно 41 ден, а […]

Шесте нови приватни станици мерењата ги почнаа со високо ниво на загадување на воздухот

ноември 13, 2018

Шесте нови мерни станици, кои го мерат загадувањето на воздухот во Скопје, поставени од страна на проектот „Скопје пулс“ утринава и синоќа измерија високо ниво на загадување. Тоа се мерните станици кај Металски Завод Тито во општина Гази Баба, кај полициската станица во Ѓорче Петров, населба Козле во општина Карпош, како и три мерни станици […]

Денеска ќе се одржи јавна дебата за чист воздух во МКЦ

октомври 10, 2017

Одбележувањето на Светската недела на вселената ќе биде финализирано со јавна дебата за загадувањето на воздухот денеска во „МКЦ – Џебно кино“ во 10 часот. Оваа јавна дискусија е поддржана од програмата „НАСА дејтанаутс“ (NASA Datanauts), со чија помош оваа дебата ќе биде промовирана на глобално ниво. Целта е да се посочи како македонските граѓани се здружуваат […]

Страна 1 од 1