Јужна Кореја ќе го забрани производството и продажба на кучешко месо

Според предлог-законот, колењето, одгледувањето и продажбата на кучешко месо за човечка исхрана ќе биде незаконско од 2027 година и ќе биде казниво со 2-3 години затвор. Не се предвидени никакви казни за јадење кучешко месо

-

Парламентот на Јужна Кореја усвои значајна забрана за производство и продажба на кучешко месо, откако се зголеми јавната загриженост за правата на животните, но и за меѓународниот имиџ на земјата, јавува Асошиејтед Прес.

Одгледувачи на кучиња, револтирани од одлуката, изјавиле дека планираат да ја оспорат уставноста на законот и да одржат протестни собири, што е само уште еден доказ за континуирана жестока дебата за забраната што се води во Јужна Кореја.

Според предлог-законот, колењето, одгледувањето и продажбата на кучешко месо за човечка исхрана ќе биде незаконско од 2027 година и ќе биде казниво со 2-3 години затвор. Не се предвидени никакви казни за јадење кучешко месо.

Консумацијата на кучешко месо, практика стара со векови на Корејскиот полуостров, не е ниту експлицитно забранета ниту легализирана во Јужна Кореја. Неодамнешните истражувања покажуваат дека повеќе од половина од Јужнокорејците сакаат да се забрани кучешкото месо и мнозинството повеќе не го консумираат. Но, според анкетите, секој трет Јужнокорејец сè уште се противи на забраната, иако не јаде кучешко месо.

Националното собрание го усвои предлог-законот со 208:0 гласови.

Тој и формално ќе стапи во сила откако ќе биде одобрен од Кабинетот и потпишан од претседателот Јун Сук Јеол, што се смета за формалност, бидејќи неговата влада ја поддржува забраната.

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact и играта...

Повторното судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор, а пак Тетовската болница е казнета со парична...

Репортажа од мултимедијалната промоција на книгата „DYSTOKYO“ во организација на здружението ПАГОДА

На 9 мај, во креативниот простор „Бејс42“ во Скопје, се одржа промоцијата на книгата „DYSTOKYO“ во организација на здружението ПАГОДА — четиричасовен вечерен настан што на уникатен начин ги спои уметноста,...

Герила акција на „Кој е следен?“ пред ОЈО

Со герила акција од иницијативата „Кој е следен“ денеска побараа правда за жртвите од катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март во Кочани. Тие поставија бело платно пред зградата на...
Silver Palace скриншот од YouTube

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact...