fbpx

Јункер: Договорот ЕУ – Турција ги покажува првите резултати

-

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, оцени дека миграциската криза во Европа се наоѓа на „пресвртна точка“, благодарение на Договорот со Турција за запирање на илегалната миграција. Тој истакна дека Договорот ЕУ – Турција ги покажува првите резултати.

Официјална Анкара, според договорот со ЕУ, се согласи да помогне во запирање на нелегалната миграција кон Европа, а за возврат да добие забрзани преговори за членство, укинување на визите и финансиска помош.

Според Јункер, договорот кој беше постигнат во март, веќе ѝ помага на Европа подобро да ги управува миграциските текови.

– Ние сме на пресвртна точка. Договорот со Турција има ефект и бројот на мигрантите се намалува значително – изјави Јункер.

Претседателот на на Европската комисија, сепак, ја критикуваше одлуката за поставување ограда на грчко-македонската граница.

– Не го делам ставот дека оваа ограда или поставувањето огради воопшто во Европа, може да придонесе за долгорочно решавање на миграциската криза. Ограда може да ги спречи бегалците да се движат, но ниту една ограда или ѕид не се доволно високи за да се откажат овие луѓе да дојдат во Европа, кога бегаат од војна и од насилство во својата татковина – смета Јункер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 44 случаи на пертусис, вкупната бројка на заболени достигна 597

Во последната недела пријавени се 44 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 3 пати споредено со претходниот седмодневен период, информира Институтот за јавно здравје во последниот извештај...