fbpx

ФСП: Груевски нема кредибилитет и легитимитет да ја води државата

-

Форумот на слободоумни патриоти (ФСП) констатира дека одложувањето на предвремените парламентарни избори е уште еден во низата порази на корумпираната врхушка која го има узурпирано ВМРО-ДПМНЕ.

После овој пораз, како што стои во соопштението, врвот на владејачката партија веќе нема кредибилитет и легитимитет да води куќен совет, а не партија или држава.

„Упатуваме јасна порака дека нема да дозволиме никој да се крие зад четирите свети букви и да продолжи да манипулира и да го злоупотребува членството, како и да ја става партијата заложник на аболирани криминалци. Доста беше криење, време е да се преземе одговорност за злоделата кои се правени, не смееме да дозволиме корумпирани и аболирани личности да го водат ВМРО и да зборуваат во негово име. Сакаме да и испратиме ултиматум на врхушката во рок од 10 (десет) дена да се повлече и да овозможи да се организира вонреден партиски конгрес, на кој ќе биде избрано ново раководство што ќе биде составено од чесни и искрени вмровци, верни на идеологијата. Доколку и понатаму се кријат и бегаат од одговорност, ние ќе почнеме да собираме потписи и да го организираме членството, а сè во насока на одржување вонреден партиски конгрес и избор на ново раководство“, стои во новото соопштение на Форумот на слободоумни патриоти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Столтенберг не барал од Москва откажување на изложбата на запленето западно оружје од Украина

На Телеграм има профил “Jens Stoltenberg”, кој делува како да му припаѓа на шефот на НАТО, но нема некоја ознака дека е верифициран и има само 15 следбеници, ама од...