Јавна расправа: Општините ветуваат формирање на локалните младински совети

Извор на фотографија: Младите можат

Новите градоначалници од скопските општини ветуваат формирање на локалните младински совети, коишто со новиот Закон за младинско учество и младински политики ќе треба да ги формираат на локално ниво. Здружението „Младите можат“ вчера ја организираа јавната расправа за имплементацијата на овој закон, на која што учествуваа градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски, градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски и претставникот од Кисела Вода, Павлина Рибарска.

За време на јавната расправа сите присутни млади имаа можност да согледаат колку законот за младинско учество и младински политики е во фокусот на новите градоначалници на општините Аеродром, Гази Баба и Кисела Вода.

„Со радост можам да кажам дека општина Гази Баба е прва од скопските општини која што има започнето постапка за формирање на локален младински совет, чија што цел е сите млади луѓе да бидат вклучени во процесот за донесување на одлуки“, истакна градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцински рече дека општината мора да понуди соодветно користење на буџетските средства кои што се димензионирани за младите.

„Тие средства треба да ги трошиме на начин на кој создаваат ефекти. Јас сум убеден дека општината тоа што може да го направи е да изгради инфраструктура, да обезбеди добра локација и да соработува со младинските заедници, бизнис заедницие и академските заедници“, рече тој.

Претставничката на општина Кисела Вода, Павлина Рибарска рече дека новото раководство на општината е во фаза на подготовка на повторно формирање на совет за млади, кој ќе ги застапува правата на младите лице и ќе ги делегира нивните потреби.

„Младинскиот совет ќе биде во тесна соработка со советот на општината“, изјави претставник од општина Кисела Вода, Павлина Рибарска.

Од Здружението „Младите можат“ вела дека во изминатиот период се отвори темата за законот за младинско учество и младински политики и колку од законските регулативи се почитуваат од страна на општините.

„Како краен заклучок на дискусијата произлезе потребата дека секоја општина треба да посвети посебно внимание на младите и да им овозможи реализација на сите активности кои се предвидени според законот. Речиси две години од законскиот рок е веќе изминат, но големи промени во однос на креирање на локални младински центри и совети, не е забележан“, велат од Здружението „Младите можат“.