Изградбата на заеднички железнички граничен премин со Србија чека на ветениот грант

-

Целокупната техничка документација за заедничкиот железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија кај Табановце е готова и е доставена до Министерството за транспорт и врски. Од ова министерство за „Мета.мк“ посочуваат дека веќе е изработена и испратена Апликацијата за инвестициски грант до Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ), од каде ќе добиеме неповратни средства за проектот од 5,2 милиони евра.

– Очекуваме Управниот комитет на ВБИФ во декември 2019 година да даде официјална оценка на апликацијата и да го одобри износот на грант средствата – информираат од Министерството за транспорт и врски.

Откако ќе биде и официјално потврдена финансиската поддршка, во следната фаза ќе треба да се распише тендерот за изградба на граничниот објект. Во меѓувреме, периодов се работи на проектната документација за изградба на пристапниот пат до идниот заеднички железнички граничен премин кај Табановце, кој треба да се гради во пакет заедно со идната зграда.

Идниот заеднички граничен железнички премин меѓу Македонија и Србија ќе се гради до железничката станица во Табановце. Објектот ќе се простира на површина од 2.500 метри квадратни и во него ќе се сместат сите гранични органи на двете земји, работниците од железниците на двете земји, како и лабораторија за ветеринарно и фитосанитарно испитување.

Надлежното министерство догодина треба да го распише тендерот за избор на изведувач што ќе го гради заедничкиот граничен железнички премин кај Табановце, кој пак треба да биде завршен во рок од 18 месеци. Постојните рокови велат дека заедничката гранична контрола меѓу двете земји во железничкиот сообраќај би почнала да се применува меѓу 2021 и 2023 година.

Maлолетници од Битола се здобиле со тешки повреди во сообраќајка со мопеди

Мопеди управувани од малолетници се судриле во Битола, а од ударот со тешки телесни повреди се здобиле возачите на мопедите кои биле малолетни, информираат во Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во...

Прскањето вода на ниви под далекуводи може да е кобно, предупредува МЕПСО

Земјоделците во екот на сезоната за наводнување и жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далекуводите...

Реконструирани 24 километри пат од Охрид до Свети Наум

Денеска во Охрид беше пуштен во употреба реконструираниот регионален пат од Охрид до Свети Наум. Обновени се 24,3 километри магистрален пат, а инвестицијата е 11,7 милиони евра. Со реконструкцијата е направена...

Обвинителен акт против 34 физички и 3 правни лица за трагедијата во „Пулс“

Обвинителен акт против вкупно 34 физички и 3 правни лица осомничени за трагедијата во дискотеката „Пулс“ која однесе 62 животи, соопшти денеска на прес-конференција државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Информирајќи за...

Maлолетници од Битола се здобиле со тешки повреди во сообраќајка со мопеди

Мопеди управувани од малолетници се судриле во Битола, а од ударот со тешки телесни повреди се здобиле возачите на мопедите кои биле малолетни, информираат во Министерството за внатрешни работи...