Изградбата и реновирањето на училиштата е во надлежност на МОН, вели Елези

-

Во врска со училиштата во кои недостасува простор, и некои други каде што е потребно вработување нови наставници, од Министерството за финансии прстот го насочуваат кон Министерството за образование и наука и велат дека ова министерство во својот буџет мора да испланира средства за инвестиции во училиштата, известува Порталб.мк.

Заменик-министерката за финансии Ширете Елези вели дека училиштата и општините со комплетирана документација треба да конкурираат со своите проекти во МОН и тој сектор треба да распредели пари од буџетот врз основа на потребата за реновирање и изградба на основни и средни училишта во земјата.

– Се одобрува буџет за реконструкции и инвестиции во училиштата и Министерството за образование и наука треба да ги распредели потребните средства за работи како што е реконструкцијата на основните, средните училишта, изградбата на нови училишта и т.н. Ние го распределуваме буџетот што е определен за МОН, а тие се одговорни за планот и програмата. Потоа, општините конкурираат во МОН со различни проекти, се разбира со комплетирана документација, со детална и проектна дозвола итн. А потоа започнува реализацијата. Ова е целосно децентрализирано на ниво на МОН, кое треба да ги обезбеди средствата – изјави Елези.

Што се однесува до процедурата за вработување, Елези додаде дека одобрението се издава од Министерството за финансии.

– Бидејќи се работи за нови вработувања, тоа има фискална импликација и сите се обраќаат до Министерството за финансии, при што ние вршиме проверка на рамките на дотациите и ги одобруваме истите – објаснува Елези.

Инаку, основните училишта „Петар Здравковски – Пенко“ и „Исмаил Ќемали“ се соочуваат со недостиг на простор, така што во едното училиште речиси сите паралели го надминуваат максималниот број дозволен со закон, додека во другото, учениците од прво одделение учат во просториите на една градина.

Од МОН за училиштето „Исмаил Ќемали“, рекоа дека се информирани, но не прецизираа кога тоа ќе се реши проблемот, а што се однесува до училиштето „Петар Здравковски – Пенко“, рекоа дека барањето за проширување на сегашниот објект сè уште не е поднесено во овој оддел од општината Бутел, под чија надлежност спаѓа ова училиште.

Инаку, согласно законот на Министерството за образование и наука, минималниот број ученици во еден клас е 24, а максималниот 34, но паралелки може да се формираат и со помал број ученици доколку се исполнат условите.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...