fbpx

Иванов во Истанбул учествува на Евроазискиот економски самит

-

Претседателот Ѓорге Иванов од денеска е во дводневна работна посета на Турција, каде ќе учествува Евроазиски економски самит во Истанбул.

Како што соопштија од кабинетот, Иванов ќе се обрати на свеченото отворање на 20. Евроазиски економски самит, што годинава се одржува на тема „Човештвото на крстосница“, а ќе има обраќање и на претседателската сесија на самитот.

Иванов по седми пат учествува на Евроазискиот економски самит, што од 1998 година се организира секоја година. Годинава е најавено присуство на актуелни и на поранешни државници, претседатели, премиери, министри, истакнати личности од општествениот и од политичкиот живот, невладиниот сектор и од бизнис-заедниците од речиси 40 држави. Организатор на Евроазискиот економски форум е фондацијата „Мармара“, група за економски и за општествени истражувања која има цел да ги унапреди односите меѓу ЕУ и земјите од Централна Азија и од Блискиот Исток.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...