fbpx

Иванов: Партиите не смеат да ја злоупотребуваат кризата за теснопартиски интереси

-

Испраќање јасна порака дека мигрантските коридори се затворени и заеднички пристап во борбата против нелегалната миграција се неопходни за решавање на бегалската криза, порача претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање на денешната конференција „Геостратегиската и геополитичката положба на Република Македонија во услови на мигрантската и бегалската криза“, што се одржа во МАНУ.

– Партиите не смеат да ја злоупотребуваат кризата за теснопартиски интереси и за освојување евтини дневно-политички поени во предизборниот период. Мора да ѝ се стави крај на политичката криза и на погубната политичка поделеност во Македонија – рече Иванов.

Според претседателот Иванов, специфично за бегалските рути е тоа што кога ќе се затвори една, се отвораат други, како и дека се знае од каде доаѓаат бегалските рути, но не се знае од каде поаѓаат, поради што е неопходен научен пристап кон сè што се случува во Африка, Блискиот Исток и во Азија.

– Сè додека постојат економски раздвижувања, безбедносни ризици и конфликти, ќе бидеме изложени на овие мигрантски кризи. Интервјуата на нашите служби на границата покажуваат дека 90 проценти од сите мигранти што минаа низ Македонија користеле услуга од криминални групи, додека според последниот извештај на Еуропол, профитот на криминалните структури со нудење услуги на мигрантите минатата година е шест милијади евра – рече Иванов.

Претседателот Иванов како решенија на кризата ги посочи најпрво неопходноста од испраќање јасни пораки до земјите на потекло на мигранти и на бегалци дека мигрантските коридори се затворени, како што е договорот меѓу Европската Унија и Турција, но и дека државите мора да го почитуваат договореното и да градат заеднички позиции.

– Второ, неопходно е создавање услови за мир, стабилност и за одржлив економски развој во земјите на потекло. Неопходен е нов Маршалов план за Блискиот Исток и за Северна Африка што ќе им ја врати надежта на луѓето во овие региони за квалитетен живот. Истовремено, европските држави мора да применуваат одржливи политики за интеграција без асимилација, за да ја избегнат опасноста од гетоизација – рече Иванов.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...