fbpx

Иванов откажал интервју за телевизијата „Еуроњуз“

-

Интервјуто требаше да се реализира викендов во Братислава, каде што претседателот Иванов ќе учествува на безбедносната конференција ГЛОБСЕК.

Во писмото што кабинетот го испратило до „Еуроњуз“, истакнато е дека употребата на кратенката ПЈРМ е неприфатлива кога се работи за именувањето на Македонија.

„Ве известуваме дека македонскиот претседател Иванов го откажува закажаното интервју за Вашиот медиум. Крајно неприфатлива е Вашата употреба на кратенката ФИРОМ во ословувањето на нашата земја, Република Македонија. Длабоко жалиме што, и покрај покажаната добра волја за соработка од наша страна, не беше прифатено барањето за отстранување на кратенката ФИРОМ при промоцијата на интервјуто на социјалните мрежи, и не беше уважено барањето да се придржувате до уставното име на нашата земја и до придавките изведени од уставното име на нашата земја“, пишува во писмото до „Еуроњуз“.

Телевизијата „Еуроњуз“ во понеделникот на „Твитер“ го најави интервјуто со Иванов, притоа повикувајќи сите заинтересирани да ги поставуваат своите прашања под хаштагот #AskFYROMpresident, направен без согласност од македонската страна. Од Кабинетот на претседателот потоа била побарана исправка од телевизијата, но до тоа не дошло.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...