fbpx

Француски филмски фестивал – отворање во Скопје, затворање во Охрид

-

Пред осум години, со ентузијазмот и со стекнатиот капитал на писателот Јордан Плевнеш, како поранешен македонски амбасадор во Франција, во Охрид почна и повеќе години се одржуваше Фестивалот на францускиот филм, кој донесе значаjни остварувања и познати актери.

Фестивалот кој трае до 17 до 20 јуни, по петгодишно одржување во Охрид, сега е префрлен во Скопје, а во Охрид ќе биде свеченото затворање на последниот ден од одржувањето, со премиерата на хит-комедијата „Семејството Белие“ на Ерик Лартиго од 2014 година, со актерска екипа составена од Карин Вијар, Франсоа Демиен и Ерик Елмонино.

Фестивалот кој почнува денеска со филмот „Борци“ (2014) на режисерот Тома Каје, во кино „Милениум“, се одржува во организација на Францускиот институт во Скопје со поддршка од Министерството за култура и од Регионот Долна Нормандија во Франција.

И оваа година љубителите на седмата уметност ќе можат да ги погледнат најновите остварувања од француската кинематографија и да бидат дел од средбите и од дискусиите со годинешните гости-учесници на филмските остварувања и тоа: Ањес Сорал (актерка), добитничка на почесната награда „Златна маска“ на фестивалот, Дијан Руксел (актерка), Антоан Лоран (актер), Фред Корсјал (композитор), Брис Даволи (композитор), Одре Бијар, член на асооцијацијата ОФФ од Трувил, и Ален Мајор (продуцент).

Годинава почесната награда „Златна маска“ ќе биде доделена на актерката Ањес Сорал, а ќе биде претставен и нејзиниот портрет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...