fbpx

Иванов ќе учествува на регионалната бизнис иницијатива „Самит 100“ во БиХ

-

Претседателот Ѓорге Иванов денеска и утре ќе престојува во работна посета на Босна и Херцеговина, каде ќе учествува на состанокот на лидерите на „Брдо-Бриони Процесот“ и на регионалната бизнис иницијатива „Самит 100“.

На годинешниот „Самит 100“,  насловен „Нов договор за ново време“, ќе учествуваат и бизнис – лидерите и истакнати претприемачи и стопанственици од Југоисточна Европа.

Главни теми на дискусија ќе бидат одржливото снабдување со енергија, моделот на циркуларна економија, брендирање на регионот, транспорт и инфраструктура, создавање работна сила на иднината и кластер на автомобилската индустрија.

На „Самит 100“, претседателот Иванов ќе биде придружуван од министерот без ресор задолжен за привлекување на странски инвестиции, Џери Наумоф.

Утре во Сараево, претседателот Иванов ќе учествува на состанок на лидерите на „Брдо – Бриони Процесот“. Претседателите ќе разговараат за актуелните состојби во регионот, евроинтеграциите и проширувањето на Европската Унија, како и за унапредување на регионалната соработка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...