Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски денеска го информирал претседателот Ѓорге Иванов за борбената готовност на Армијата на Република Македонија.

Иванов бил информиран за реализацијата на плановите и задачите во АРМ во изминатата година врз основа на извршената целосна и објективна анализа на Генералштабот за 2017 година, факторите и елементите кои влијаат на борбената готовност на АРМ, како и предлози и мерки за подобрување на степенот на борбената готовност на АРМ на повисоко рамниште во 2018 година.

„На брифингот беше заклучено дека и покрај објективните потешкотии и ограничени расположливи ресурси, АРМ успешно ја извршуваше својата мисија и сите поставени задачи, при што борбената готовност со големи напори и залагање на персоналот беше на потребното рамниште“, се вели во соопштението испратено од кабинетот на Иванов.