„Интимен театар“ од Битола на „Охридско лето“: Наратив за болната човечка реалност

-

Фестивалската публика, синоќа, во дворот на Основното училиште „Свети Климент Охридски“, имаше исклучителна можност да го прочита наративот за болната човечка реалност, предаден низ говорот, играта и низ танцот на актерите на „Интимен театар“ од Битола.

Суровата вистина за денешниот неолиберализам, кој го проголтува и уништува секој човечки напор за достојно живеење и за негување на вистинските вредности, беше прикажана синоќа на „Охридско лето“ преку претставата „Со љубовта шегување нема“ од Алфред де Мисе, а во режија на Софија Ристевска.

Режисерката Ристевска пред почетокот на претставата најави дека овој проект се игра првпат под отворено небо и пред околу 200 гледачи, а не како досега што се играла во просториите на „Интимен театар“ пред 60 посетители.
Оваа претстава, според неа, е повик за создавање на еден похуман, посолидарен и социјално рамноправен свет, каде што индивидуата ќе има право на слобода и на љубов.

– Зборуваме многу за ситуацијата на човекот денес во нашата средина, за луѓето што емигрираат и кои во таа потрага за подобро утре многу често се жртви на таа своја, понекогаш, јалова жртва да заминат од сопствената држава. Зборуваме за проблеми и многу често драматургијата ја отфрламе во тој нејзин класичен вид. Многу често собираме документарни материјали и затоа ѝ препорачав на охридската публика да не ја гледа нашата претстава како некое драмско дело, туку, напротив, како збир од проблеми за кои ние говориме, збир од теми што ги отвораме – вели Ристевска.

Претставата „Со љубовта нема шегување“ се одигра во рамките на програмата „Младо театарско Охридско лето“, што се одржува првпат годинава како дел од фестивалската програма за да се поддржат и претстават младите уметници.

Вечерва, на програмата на манифестацијата е полската вечер, во катедралната црква „Св. Софија“, на која ќе настапат Славомир Зубжицки на пијано, Ана Мjерник на пијано и оперскиот пејач Рафал Жураковски.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...