Инфлацијата во јуни се искачила на 14,5 отсто, зејтинот за една година поскапел за над 50 отсто

-

Инфлацијата во земјава во текот на јуни достигнала нов рекорд од 14,5 отсто, во споредба со идентичниот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Растот на трошоците на живот најмногу се чувствува кај прехранбените производи и транспортот.

Па така, во јуни 2022 година маслото и мастите поскапеле за 51,1 отсто во однос на истиот месец од минатата година, додека лебот и житата се продавале по повисоки цени од 30,8 отсто. Поскапувања се бележат кај сите видови, при што храната во јуни годинава била повисока за 21,5 отсто во споредба со периодот од пред 12 месеци.

Огромен скок од 31,4 отсто во јуни 2022 година се бележи и кај транспортот, при што покачувањето на цената на горивата во споредба со истиот месец лани изнесува 59,7 отсто. Поради ова, забележливи се и зголемените цени во патниот и воздухопловниот превоз, а без промена на цените има единствено кај железничкиот транспорт.

Статистичките податоци покажуваат дека за една година има покачување на цените кај сите производи и услуги.

Понатамошен раст на инфлацијата може да се забележи и при споредба на податоците од јуни во однос на мај 2022 година.

Единствено намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 3,3 отсто. Во јуни, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 1,2 отсто, но кај сите други производи и услуги е забележан пораст на трошоците на животот.

Поради ова, индексот на трошоците на животот во јуни 2022 година, во однос на претходниот месец, изнесува 102.8, додека индексот на цените на мало изнесува 102.4.

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори со кои...

Не кликајте на линкови за наводни наградни игри и инвестирање во виртуелни валути

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид денеска, од повеќе профили на неколку социјални мрежи, евидентирал зачестени објави во кои, од граѓаните се бара со „клик“ на линкот, да ја отворат...

Украинската безбедносна служба испрашува двајца севернокорејски војници

Украинската служба за безбедност продолжува да испрашува двајца севернокорејски војници заробени како воени заробеници во регионот Курск. Украинскиот претседател Володомир Зеленски нуди размена на затвореници ако Ким Џонг Ун помогне во...

Бензинот Еуросупер 95 поскапува за 1,5 денари

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива...

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори...