fbpx

Вистиномер: Артем Бонов не е припадник на украинското Министерство за внатрешни работи

-

Артем Бонов, човекот кој е претставен на фотографијата споделена во постот е Украинец со крајно десничарски ставови. Тој има свој Јутјуб канал. Бонов е облечен во стара униформа, на што укажува натписот „Милиција“ на задната страна – на грбот.  Ваквите униформи се користеле до ноември 2015 година, а оттогаш униформите се заменети со поинакви, така што фтографијата  дефинитивно не потекнува од 2022 година. Околностите под кои е направена оваа фотографија остануваат нејасни, па не може да се утврди дали Бонов бил припадник на безбедносните сили во периодот на важност на старите униформи, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој е споделена фотографија од човек со тетоважи со нацистички симболи на своето тело, како и негова фотографија во полициска униформа. Во склоп на постот се тврди дека лицето е украински полицаец, односно припадник на украинското Министерство за внатрешни работи со и без униформа.

Ваквaта објава  во разни форми го обиколи светот и на нејзиното појаснување веќе работеа проверувачи на факти на „Франс Прес“, како и од Грција и од Србија.

Во постот што го рецензираме се вели дека и покрај тоа што „странските медиуми тврдат дека во Украина нема нацисти, вака изгледа припадник на украинското Министерство за внатрешни работи со и без униформа“. На објавената фотографија гледаме ќелав маж кој има тетоважа на телото со мотив на свастика, како држи оружје и нишани, а меѓу тетоважите има и други нацистички симболи. Во постот е прикжана и  фотографија од истиот човек  во униформа на која пишува „Милиција“.

Постот се вклопува во прорускиот наратив според кој, целта на руската инвазија врз Украина е денацификација на земјата.

Меѓутоа, Артем Бонов, човекот кој е претставен на фотографијата, не е припадник на украинското Министерство за внатрешни работи, туку Украинец со крајно десничарски ставови. Тој има свој Јутјуб канал.

Во странство, како што пишуваат проверувачи на факти од Франција, во невистинити објави на Фејсбук е претставуван како заменик началник на киевската полиција.  Сепак, човекот на фотографијата познат како Артем Бонов, не е заменик началник на киевската полиција и нема податоци дека тој некогаш бил заменик началник на истата.

Агенцијата „Франс Прес“ го контактирала Министерството за внатрешни работи на Украина во врска со тврдењата дека Бонов е началник или заменик началник на киевската полиција. На 23 март годинава, портпаролот на министерството упатил на веб-страницата на киевската област каде се наведени сегашниот началник, Андре Анатолиевич Небитов и четворица негови заменици од кои ниеден не е Артем Бонов.

Во Полска кружеа извештаи дека овој човек требало да дојде како бегалец од Украина во земјата и дека наводно требало да биде заштитен со нов закон, во кој се забранува депортација на украински бегалци дури и ако извршиле злосторства против локалните жители. „Франс Прес“ и за ова објавува дека станува збор за невистина и дезинформација.

Грчкиот сајт за проверка на факти „Елиника Хоаксис“, објавува дека предметната фотографија во која Бонов е во полициска униформа е од 2014 година и првпат била споделена на интернет форум.

Ознаките што се гледаат на раката на Бонов се однесуваат на припадници на Министерството за внатрешни работи (Міліція України) во 2015 година. До 2015 година тие носеле  вакви обележја. До 2015 полицијата била под контрола на Министерството за внатрешни работи на земјата. Во јули 2015 година, била формирана Националната полиција на Украина (Нацульная полиція України) раководена и координирана од Советот на министри на земјата. Оттогаш сменети се и ознаките на полициската униформа, пишува „Елиника Хоаксис“

Тие сега изгледаат вака:

Централната управа на Министерството за внатрешни работи во киевската област, во 2014 година демантирала дека крајната десница работи за полицијата.

Ниедно од лицата прикажани на снимката моментално не се наоѓа во органите за внатрешни работи на Украина, се вели во нивното тогашно соопштение.

Во медиумите има вести како оваа објавена на 1 декември 2014 година, а во кои се кажува дека од подрачното одделение на МВР навеле дека лицата на фотографиите (И Артем Бонов е на тие фотографии) не се полицајци.

Според полициското соопштение од тоа време, фотографијата на која Бонов е фотографиран во внатрешноста на МВР на Украина, може да настанала кога многу граѓани сакале да работат во безбедносните сили и биле интервјуирани и тестирани во зградата на полицијата. Во написот се наведува дека млади луѓе ги придружувале оние кои сакале да станат полицајци и дошле со нив во зградата на киевската регионална полиција.

Значи, Бонов е облечен во стара униформа, на што укажува натписот „Милиција“ на задната страна – на грбот. Како што напоменавме, ваквите униформи се користеле до ноември 2015 година, а оттогаш униформите се заменети со поинакви. Фотографијата на Артем Боно споделена во постот дефинитивно не потекнува од 2022 година, со оглед на тоа што полициската униформа во Украина сега е со поинаков амблем. Околностите под кои е направена оваа фотографија остануваат нејасни. Според тоа, не може да се утврди дали Бонов бил припадник на безбедносните сили во периодот на важност на старите униформи. Но, тој моментално не се наоѓа во украинската полиција, како што невистинито се тврди во постот што го рецензираме.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...