петок, 23 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: MVR | 28 резултати

Шест лица лишени од слобода во вчерашната акција за заплена на марихуана вредна 800.000 евра

10 април 2021

По повеќемесечна постапка координирана и по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Одделот за криминалистичка полиција во соработка со Одделот за спречување на организиран и сериозен криминал и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, со асистенција на Американската служба за борба против дрога – ДЕА и Основното јавно […]

Министерот Чулев негира дека МВР го прислушкува раководството на ВМРО-ДПМНЕ

22 мај 2020

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска од Струмица коментираше дека ниту тој, ниту пак до МВР, има доставено пријава за следење или прислушкување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Ова беше одговор на прашањето за коментар на тврдењето на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, кој во телевизиско гостување рече дека има сериозни докази дека врвот на […]

ЗНМ реагира за односот на полицајците кон новинарот Салиу, Чулев ќе го испитал случајот

8 мај 2020

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува односот на полициските службеници од обезбедувањето и одговорните за протокол на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев кон новинарот од ТВ Клан, Фуркан Салиу за време на вчерашниот настан организиран од МВР за одбележување на Денот на полицијата. „Обезбедувањето на министерот прекршувајќи го Кодексот на однесување на […]

Екологистите по средбата со Пендаровски: Граѓански протест и бојкот на избори ако не се реши загадувањето

15 ноември 2019

Доколку не се превземат итни мерки за справување со тешката состојба во која се наоѓа животната средина во државата, ќе ги искористиме сите демократски права и средства во борбата за заштита на нашето уставно загарантирано право на здрава животна средина и покрај досегашните форми на организиран протест, блокади, ќе повикаме и на граѓанска непослушност, бојкот […]

Спасовски: 27 април нема да се повтори

11 јануари 2019

Во моменти кога се очекува финалното усвојување на уставните измени, во услови на тензични протести пред Собранието, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска од Радовиш директно не одговори на прашањето дали е можна ескалација на настаните, како на 27 април 2017 година, кога демонстрантите упаднаа во Собранието и беа брутално претепани повеќемина пратеници и […]

Додека се гради нов антикорупциски систем, Македонија „се снаоѓа“

9 декември 2018

МВР, кое треба да гони корупција, е разорена институција и и треба реформа, тврди Павле Трајанов, поранешен министер за внатрешни работи. Антикорупциската комисија, со години обвинувана за партизираност, и формално не функционира од крајот на март. По две кривични пријави за примање и за давање поткуп бил резултатот на Македонија во борбата против корупцијата минатата […]

Кого Обвинителството ќе го испитува во врска со бегството на Груевски?

15 ноември 2018

Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК) соопшти дека почнало предистражна постапка против одредени „службени лица за злоупотреба на службената положба и овластување“ во врска со бегството на Никола Груевски од Македонија. Со оглед на фактот што станува збор за предистражна постапка, не се соопштуваат повеќе детали, но одредени членови од Законот за внатрешни […]

Обвинителство: Разбиена досега најголема организирана група за криумчарење мигранти

11 јули 2017

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција извести дека во текот на вчерашниот ден била спроведена координирана акција со МВР против организирана група за криумчарење мигранти, на подрачјето на повеќе населени места. Притоа, по поднесената кривична пријава од МВР за 23 лица, од кои еден малолетник, а четворица државјани на Албанија, Обвинителството за 22 […]

Тачи ги повика МВР и ДИК што побргу да реагираат на изборните нерегуларности

11 декември 2016

Претседател на ДПА, Мендух Тачи, откако гласаше на гласачко место 1.961/1 во градинката „Младост“ во Тетово, денеска рече дека полека се создава клима на добри избори. Тој изрази надеж дека до затворањето на избирачките места нема да има некои поголеми проблеми. – Една добра вест досега е што во Зајас, Осломеј и во Кичево 1,5 […]

Анестезиолозите од гевгелиската болница биле пијани

26 октомври 2015

Двајцата лекари анестезиолози што биле дел од тимот, кој со оперативен зафат требало да ја породи жената што заедно со новодоренчето почина во гевгелиската болница, биле во алкохолизирана состојба, покажала анализата на крвта, извршена од Министерството за внатрешни работи (МВР), соопшти денеска Јавното обвинителство. Анализата на крвта на двајцата анестезиолози покажала присуство на 1,23, односно 1,75 промили […]

Обвинителството бара да се одблокира сметката на „Макпетрол“

18 август 2015

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на предходна постапка денеска доставило предлог да биде одблокирана сметката на „Макпетрол“ и на „Оилко“, бидејќи, како што соопштуваат, по доплнителните докази, прибавени вчера била утврдена „потребата од ослободување на сметките на друштвото со цел овозможување непречена работа“. „Основното јавно обвинителство Скопје постапувајќи по допрен глас (информации објавени во […]

Триесет дена притвор за деветмината уапсени во акцијата „Ќелија“

7 август 2015

Судија на претходна постапка вчера, по сослушувањето, на деветмината приведени во полицискаката акција „Ќелија“ им одредил притвор од 30 дена, соопшти Основниот суд Скопје 1. За другите 27 осомничени, по кои сè уште се трага, судијата издал наредба за приведување, по што ќе се одлучува по предлогот на Јавното обвинителството за организиран криминал и за корупција […]

Откриена мини-плантажа со марихуана во Радовишко

5 август 2015

Мала плантажа, на простор од околу 50 квадратни метри, засадена со стебла канабис сатива (марихуана) била откриена од екипи на радовишката полиција, во близина на патот кој води од селото Бучим кон селото Кошево, соопшти Министерството за внатрешни работи. Како што информираат оттаму, стеблата се наоѓале покрај „нискостеблеста шума во ограден простор заштитени со плетена […]

Утврден идентитетот на изгорената жена во Градски парк

24 јуни 2015

Министерството за внатрешни работи (МВР) извршило идентификација и го утврдило идентитетот на жената, чие изгорено тело вчера попладне беше пронајдено во Градски парк во Скопје, соопшти Јавното обвинителство. Станува збор за 45-годишна скопјанка со иницијали Р.С. Како што информираат оттаму, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје вчера извршил увид на местото каде било пронајдено […]

Суад Мисини почна штрајк со глад пред Собрание: Да се реши проблемот со мигрантите

14 јуни 2015

Аналитичарот Суад Мисини денеска почна штрајк со глад пред Собранието на Република Македонија, што, како што рекол за „Нова ТВ“, ќе трае сè додека надлежните не ги донесат потребните законски измени и не го решат проблемот со мигрантите во земјава. – Барам итно донесување на законските измени со кои ќе се овозможи безбеден транзит или привремен […]

Екстрадиран осомничениот за двојното убиство во охридскиот локал „Император“

9 јуни 2015

Албанските власти вчера, на граничниот премин Ќафасан, на македонската полиција ѝ го предале осомничениот за двојното убиство во охридскиот ресторан „Император“, кој по неколкумесечно бегство, кон средината на февруари оваа година беше уапсен во Албанија и до моментот на неговото спроведување во земјава, се наоѓаше во екстрадиционен притвор. Како што соопштуваат од МВР, осомничениот Б.П. […]

МВР апелира да не се објавуваат нови снимки на „Јутјуб“

9 март 2015

„МВР се придружува до апелот на Обвинителството, да не се објавуваат снимки на „Јутјуб“ кои можат да бидат искористени во понатамошна постапка. Но, се прашува и се пишува само за овие снимки. Зошто не се пишува за снимките што ги објавува Заев? Погледнете го членот 151 од кривичниот закон, објавува приватни разговори“, вели портпаролот на МВР, Иво […]

Спорните снимки сè уште на „Јутјуб“, МВР „постапува“

5 февруари 2015

Снимките од средбата меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на кои двајцата разговараат за доказите од случајот „Бомба“ и за нивното потекло, сè уште се достапни на интернет-сервисот „Јутјуб“. Обвинителството во вторникот, преку соопштение, информираше дека побарало од Министерството за внатрешни работи (МВР) да стапи во контакт со „Јутјуб“ и да […]

Обвинителство му одреди 30 дена притвор на Верушевски

24 јануари 2015

Основното јавно обвинителство му определи притвор од 30 дена на поранешниот директор на ДБК, Зоран Верушевски. „Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомничено лице, кое се товари за сторено кривично дело – недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, се вели во соопштението од […]

МВР го заврши дигиталното вештачење за „тајната фабрика за пасоши“

8 декември 2014

Министерството за внатрешни работи завршило со дигиталното вештачење на фотографиите и на видеозаписот на кои се гледа како рачно се изработуваат пасоши, јавува „Фокус“. Резултатите од вештачењето се испратени во Основното јавно обвинителство, а од МВР не соопштуваат повеќе детали. Шефицата на јавното обвинителство, Гордана Гешковска, за „Фокус“ потврдила дека тие од утре ќе ја анализираат дигиталната […]

Страна 1 од 2