fbpx
Таг: MVR

таг: MVR

МВР апелира да не се објавуваат нови снимки на „Јутјуб“

„МВР се придружува до апелот на Обвинителството, да не се објавуваат снимки на „Јутјуб“ кои можат да бидат искористени во понатамошна постапка. Но, се прашува и се пишува само за овие снимки. Зошто не се пишува за снимките што ги објавува Заев? Погледнете го членот 151 од кривичниот закон, објавува приватни разговори“, вели портпаролот на МВР, Иво Котевски. На прашање на „Мета“,...

Спорните снимки сè уште на „Јутјуб“, МВР „постапува“

Снимките од средбата меѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на кои двајцата разговараат за доказите од случајот „Бомба“ и за нивното потекло, сè уште се достапни на интернет-сервисот „Јутјуб“. Обвинителството во вторникот, преку соопштение, информираше дека побарало од Министерството за внатрешни работи (МВР) да стапи во контакт со „Јутјуб“ и да побара отстранување на снимките, но...

Обвинителство му одреди 30 дена притвор на Верушевски

Основното јавно обвинителство му определи притвор од 30 дена на поранешниот директор на ДБК, Зоран Верушевски. „Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомничено лице, кое се товари за сторено кривично дело – недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, се вели во соопштението од јавното обвинителство. Од Министерството за внатрешни...

МВР го заврши дигиталното вештачење за „тајната фабрика за пасоши“

Министерството за внатрешни работи завршило со дигиталното вештачење на фотографиите и на видеозаписот на кои се гледа како рачно се изработуваат пасоши, јавува „Фокус“. Резултатите од вештачењето се испратени во Основното јавно обвинителство, а од МВР не соопштуваат повеќе детали. Шефицата на јавното обвинителство, Гордана Гешковска, за „Фокус“ потврдила дека тие од утре ќе ја анализираат дигиталната форензика.

Обвинителството бара да се вештачат сликите и видеозаписот на „Фокус“

Државното јавно обвинителство му наредило на Министерството за внатрешни работи да ја провери снимката на „Фокус“ за фабриката за пасоши, јавува „24 Вести“. Јавниот обвинител бара МВР да изврши дигитална форензика врз објавениот видеозапис и врз фотографиите што се објавени од неделникот. Информацијата доаѓа по ставот на МВР дека во аферата „Пасош“ нема елементи на кривично дело и дека не е...

Јанкулоска: Опозицијата да ни го достави тоа што личи на пасош

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, денеска упати апел до опозицијата, ако поседува нешто што ним им личи на патна исправа, да го достават за МВР за да направи анализа и за да се отстранат сите сомнежи, пренесува „Радио Слободна Европа“. - Ако немаат такво нешто и само манипулираат со јавноста, тогаш нека си одберат друга тема за сопствена политичка...

„Фокус“ прашува, МВР ги кани на гости

Одговорниот уредникот на неделникот „Фокус“, Зоран Димитровски, вчеравечер до портпаролот на министерството за внатрешни работи, Иво Котевски, јавно упати серија прашања, во врска со индициите за постоење тајна фабрика за изработка на пасоши, кои неделникот ги објави минататa недела. Димитровски од портпаролот на МВР побара одговор на прашањата: дали за изработка на фалсификувани пасоши е неопходна машина, која тежи 8 тони, или...

Семејното насилство се храни од бавноста и нереагирањето на институциите

Четири убиства, од кои едно двократно и едно трикратно, на кои им претходело семејно насилство, се случиле од мај до ноември годинава, што е алармантната бројка која укажува на нефункционалноста на системот за заштита, реагираат од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Невладината организација „Хера“. Карактеристично за сите овие случаи е што убиствата се извршени од...

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...