Семејното насилство се храни од бавноста и нереагирањето на институциите

-

Четири убиства, од кои едно двократно и едно трикратно, на кои им претходело семејно насилство, се случиле од мај до ноември годинава, што е алармантната бројка која укажува на нефункционалноста на системот за заштита, реагираат од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Невладината организација „Хера“.

Карактеристично за сите овие случаи е што убиствата се извршени од нивни брачни или поранешни партнери, а во три од случаите убијците претходно биле пријавувани во надлежните институции за семејно насилство.

– На 20 мај, мртва жена е пронајдена во Кавадарци. Сторителот живеел во вонбрачна заедница, а убиството е извршено со секира. Потоа на 21 мај, скопјанец со пиштол ја усмртил својата 38-годишна партнерка, по што се самоубил. Тие биле во љубовна врска, а жртвата подолго време на своите најблиски им кажувала дека тој ѝ се заканува со убиство доколку го остави. На 22 јули 2014 година, двојно убиство и самоубиство се случи во Скопје, кога 36-годишен скопајнец, стрелајќи од својот службен пиштол, најпрво ја убил две години помладата партнерка, а потоа и нејзината сестра. По убиството и самиот си го одзел животот. Трикратно убиство во Кавадарци се случи на 9 ноември 2014 година, кога маж на четириесетгодишна возраст ги уби таткото, мајката и сестрата на својата сопруга, со која веќе имал почнато бракоразводна постапка – вели Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

Во врска со последниот случај во Кавадарци, од СВР-Велес информираат дека против сега веќе осомничениот за трикратното убиство, во август, од семејството била поднесена кривична пријава за телесна повреда. Кон крајот на октомври, до полицијата од семејството пристигнала уште една пријава за семејно насилство. Од кавадаречката полиција до надлежното обвинителство е поднесена уште една пријава, овојпат за кривично дело одземање малолетник.

Пријавата во обивнителството стигнала вчера.

Од јавното обвинителство за новинската агенција „Мета“ велат дека по кривичните пријави за семејно насилство било постапувано, а за едно дело осомничениот бил и осуден.

– Во однос на првиот предмет, надлежното Основно јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против едно лице за сторени кривични дела – телесна повреда и загрозување на сигурноста. На првото одржано рочиште оштетената го повлече предлогот за првото кривично дело, телесна повреда, со што престана понатамошната постапка. Имено, за ова кривично дело, постапувањето е по предлог на оштетените. За второто кривично дело, загрозување на сигурноста, кое надлежниот јавен обивнител го водел по служебна должност и проценка, а во согласност со законските можности, надлежниот обвинител ја продолжи постапката при што на обвинетиот му е изречена осудителна пресуда. За второто дело, одземање малолетник, во надлежното Основно јавно обвнителство – Кавадарци е пристигната кривична пријава во текот на вчерашниот ден и таа сè уште не е процесуирана – информираат за новинската агенција „Мета“ од јавното обивнителство.

Од невладината „Хера“ велат дека во последните случаи на убиства што се случиле како последица на семејно насилство, надлежнте институции не само што не презеле мерки за спречување на убиствата, туку не биле преземени ниту конкретни мерки за нивно расветлување.

Најголем дел од своите забелешки и прашања за институцоналните пропусти од „Хера“ ги упатуваат на Министреството за труд и социјална политика, која го води националното координативното тело за заштита од семејно насилство, во кое членуваат сите надлежни министерства.

– Бараме од Министрество за труд и социјална политика, како најповикана инсититуција, да иницира детална истрага преку која јавноста ќе добие детални одговори на следните прашања: Дали стручниот тим од центарот за социјална работа направил проценка на ризик по животот на жртвата и останатите членови на семејството и кои мерки се презмени од институциите врз основа на тој проценет ризик? Дали се преземени мерки за одземање на огненото оружје на осомничениот откако бил пријавен како сторител на семејно насилство? Дали по пријавувањето на семејното насислство, Центарот за социјални работи на сторителот му понудил или го упатил на психолошко советување и третман за справување со насилно однесување. Кои се инситутциите и кои се лицата вработени во институциите кои не постапиле стручно и професионално и не ги почитувале протоколите за заштита од семејно насислство поради што животот го загубија тројца граѓани на Република Македонија – вели Елизабета Божиновска, програмски координатор од „Хера“.

 

Нула толеранција за напади врз новинарите: насилниците мора да одговараат

Сериозни напади врз новинарите, решавање на нерешените случаи на напади врз медиумските работници, заштитата на јавниот интерес преку слободата на говор, транспарентноста на надлежните институции и соработката помеѓу еснафските...