ЗНМ реагира за односот на полицајците кон новинарот Салиу, Чулев ќе го испитал случајот

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува односот на полициските службеници од обезбедувањето и одговорните за протокол на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев кон новинарот од ТВ Клан, Фуркан Салиу за време на вчерашниот настан организиран од МВР за одбележување на Денот на полицијата.

„Обезбедувањето на министерот прекршувајќи го Кодексот на однесување на полициски службеници (во членот 19 според кој полицијата има обврска да воспостави професионален однос со медиумите и новинарите) на крајно недоличен начин пробуваше да го оддалечи новинарот Салиу од министерот Чулев поради тоа што тој сакаше да му постави прашање. Според Салиу, дел од неуниформираните полицајци дури тврделе дека треба “да му одржат лекција на него“ што претставува директна закана кон новинарот и е недозволива за било кој државен службеник“, се вели во соопштението на ЗНМ.

ЗНМ бара од одделот за внатрешна контрола при МВР итно да го истражи овој случај и соодветно да ги казни припадниците на полицијата кои си дозволиле да постапуваат спротивно од законските овластувања.

Од ЗНМ укажуваат дека министерот за внатрешни работи кога организира настани на кои се поканети медиуми, тој мора да оддели време за прашања за новинарите, особено на настани за кои постои голем јавен интерес. Во спротивно, велат од ЗНМ, таквото однесување се смета за нетранспарентно и недемократско.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев пак во својата изјава тврди дека од Одделот за внатрешна контрола се преземаат „соодветни активности и доколку се тврди дека од страна на вработените во МВР се пречекорени службените овластувања за истите ќе следи постапка за утврдување на дисциплинска одговорност“.

Сепак, министерот Чулев, не избегна да изјави дека заеднички треба да се градат коректните односи со медиумите. Тој упати апел до новинарите да се придржувале и да го почитувале етичкиот новинарски кодекс.

foom-logo-disklejmer

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

На Меѓународниот ден на човековите права, пуштена во употреба играта „Навигатор“

Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор и Македонското...

Агелер за „црната листа“: Ако ние можеме да ги собереме доказите, тогаш можат и македонските институции

САД направија уште еден значаен чекор во борбата против корупцијата со тоа што ги назначија поранешниот заменик-претседател на Владата, Артан Груби и судијата на Апелациониот суд, Енвер Беџети за вмешаност во...

Израелски воздушни напади врз Сирија, Израел негира дека тенковите одат кон Дамаск

Израелски воени авиони наводно извршиле стотици воздушни напади низ Сирија, вклучително и врз главниот град Дамаск. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека документирала повеќе од 310...

Најнови гејминг вести : Излегоа Path of Exile 2 и Marvel Rivals, во Tekken 8 се враќа познат карактер

Изминатата недела пристигнаа двете популарни и долгоочекувани игри „Path of Exile 2“ и „Marvel Rivals“, a во Tekken 8 се враќа познатиот карактер „Ана Вилијамс“. https://www.youtube.com/watch?v=AOVg2aLjIiU Path of Exile 2 по долго време...

На Меѓународниот ден на човековите права, пуштена во употреба играта „Навигатор“

Делегацијата на Европската Унија во земјава и Јуроп хаус, во партнерство со Обединетите Нации и Министерството за образование и наука (МОН), и во соработка со гејминг здружението Галактик Омнивор...