Играта “Gods will Fall” бесплатна на Epic Games до 13 јануари

скриншот од Epic Games
Скриншот од Epic Games

Играта Gods will fall е бесплатна на Epic Games до 13 јануари. Играта е направена и за PlayStation и за PC. Станува збор за игра слична на Диабло односно изометриска RPG игра со уметнички стил што потсетува на Albion и Kings Road играта што се игра на Facebook. Самата игра е наменета да биде и малку комична – арт стилот малку потсетува и на “Астерикс и Обеликс”.

Самата игра е лесна и интересна, се играат инстанци по мапата и ако ви зaгине еден херој е заменет со друг со кој ја преигрувате инстанцата од почеток. Ако ја поминете целата, сите херои ви оживуваат.

Комбатот е динамичен и може да избегнувате удари или да ги парирате. Но, парирањето бара тајминг и е потешко, па попрепорачливо е да ги избегнувате нападите од непријателите. Од „рандом“ хероите, најдобри се оние кои користат меч или копје оти имаат повеќе дофат на непријателите. 

Приказната не е нешто особено – во основа, човештвото се бори против „стари богови“ од кои некои се големи животни, а некои митски суштества. 

Играта функционира и на GFN (“GeForce Now”) така што откако ќе ѝ направите “claim” на Epic Games можете веднаш да ја испробате на GFN. Како за бесплатна игра на промоција (која во нормална продажба е 25 долари) не е лоша да се испроба.