GeForce Now сервисот нуди бесплатно гејмање на максимум графика и без инсталирање на игрите

Photo by Fredrick Tendong on Unsplash

GeForce Now е нов сервис што неодамна стапи на сцена. На сите страсни гејмери им овозможува да играат игри преку интернет од јаки компјутери коишто стримаат на екранот. Игрите се играат без да се губи простор на компјутер, односно истите не мора да се инсталирани и “фураат” на максимум графика.

 

Сите заинтересирани гејмери, можат да креираат бесплатен акаунт и да ги играат игрите што се достапни на платформите за игри Steam и Epic Games. Epic Games секоја недела даваат по една или две оригинални игри на корисниците.

За бесплатните акаунти ограничувањето е 1 час играње за секоја сесија и се чека ред за да се влезе во онлајн игрите, додека single player игрите може да се пуштат секогаш инстантно и може да се повторува сесијата повеќе пати во денот по 1 час.

Втората опција е да ја платите претплатата од околу 10 долари месечно или 25 долари за 6 месеци, со што веднаш влегувате во игра без чекање и сесиите ќе бидат со подолго времетраење по дури 6 часа од сесија.

Овој сервис е наменет за корисници на постари компјутери кои сакаат да ги играат најновите игри, а тоа е одлично прилагодено за стандардот на македонските гејмери.