Играта A Plague Tale Innocence бесплатна на Epic Games до 12 август

Илустрација: Исечок од играта

A Plague Tale Innocence е бесплатна за превземање на Epic Games платформата до 12 август (четврток). Се работи за понова игра со одлична графика и може да се игра преку GeForce Now (GFN).

Во основа целата игра е стелт ескорт игра, каде се прикрадувате водејќи го своето братче под рака и единствено оружје ви е праќата за фрлање камења. Дејствието се одвива во фантазиска средновековна Франција за време на чумата наречена „Црната смрт” и играте со женски лик по име Амисија.

Интрото на играта се случува во шума, а природата е прекрасно направена подоцна играта станува мрачна и има хорор атмосфера. Играта има освоено многу награди пред сè и за приказната.    

Праќата (која ја надградувате во играта) има повеќе функции, може да се користи како директно оружје при што мавате со камења, или пак да прави бука ако удирате метални предмети за да се одвлече вниманието на непријалите додека преминувате понатаму. Исто така ако соберете камења од сулфур, со прачката можете и да палите огнови.

Стаорците во играта се главниот непријател – освен војниците на инквизицијата, кои ве напаѓаат ако ве видат. Стаорците бегаат од светлина, така што можете да користите запален факел да ги одбиете од себе – секако има и полно други механики. Една од поинтересните е дека ако војниците непријатели носат фенер за осветлување кога има стаорци околу нив, можете со праќаата со камен да го удрите фенерот и да им го изгасите и потоа се преплавени од стаорци кои ги убиваат. Исто така со алхемија главниот лик Амисија може да прави и точки на привлекување за стаорците за да се расчисти пат, или пак да ги изгори директно стаорците пред себе. 

Има полно места каде и Амисија и братчето Хуго совладуваат различни загатки заедно. На пример Хуго може да се пикне во дупка од ѕид за да отклучи врата од другата страна или пак заеднички вртат механизми. 

Играта е правена за Playstation 4 и излезена е 2019 година така што се работи за релативно нова и квалитетна игра што нормално се продава за околу 40 евра, а сега можете да ја преземете бесплатно.