fbpx

ИД го изврши првиот напад во Пакистан – убиени тројца војници

-

Вооружени напаѓачи поврзани со групата Исламска држава Ирак и Левант, убиле тројца пакистански војници, јавуваат светските медиуми.

Првиот напад на ИД во Пакистан го извеле десетина напаѓачи вооружени со бомби и со автоматски пушки, кои нападнале воен конвој во подрачјето Оракзаија.
Еден војник е убиен во судирот, додека двајца подоцна им подлегнале на раните.

Портпаролот на ИД ја презеде одговорноста и соопшти дека ќе продолжат да ја напаѓаат војската.

– Ги убивме војниците, го запленивме оружјето и ги запаливме воените автомобили – рече портпаролот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...