fbpx

ХДЗ победи на изборите во Хрватска

-

Опозициската Хрватска демократска заедница (ХДЗ) е победник на парламентарните избори во Хрватска, со освоени 61 место во парламентот, покажаа резултатите од изборите врз основа на 99 отсто од преброенитие гласови.

Коалицијата на ХДЗ, Татковинска коалиција, е во предност пред коалицијата на СДП, Хрватска расте, која освои 53 мандати.

Во хрватското собрание треба да влезе и МОСТ со 19, ИДС со четири, ХДС СБ и Милан Бандиќ 365 со два пратеника, како и Жив ѕид и Успешна Хрватска со по еден мандат.

Српското национално малцинство во собранието на Хрватска и понатаму ќе има тројца претставници на Самостојната демократска српска партија (СДСС).

Како што пренесуваат хрватските медиуми, гласале 60,47 отсто од лицата со право на глас.

На парламентарните избори во Хрватска, од независноста па досега, се избираат 161 пратеник – 140 во десет изборни единици во Хрватска, три во дијаспората, а осум припадници на националните малцинства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...